ПРЕНЏОВ : КАКО ШТО СЕ ПРОДОЛЖИЈА ЛИЧНИТЕ КАРТИ И ВОЗАЧКИТЕ МОЖЕ И ПАСОШИТЕ, НО СДС И ДУИ НЕМААТ ЕМПАТИЈА КОН СОПСТВЕНИОТ НАРОД КОЈ ГИ ПЛАЌА

0
161

Власта нема емпатија, не сочувствуваат со граѓаните, тие не заработуваат од возење на камион на пример надвор од Македонија, ако им треба нешто здравствено летаат до Париз, Виена, Берлин тие си имаат нови пасоши, вели пратеникот од коалицијата „За обнова на Македонија„ Љупчо Пренџов во Алфа телевизија во врска со бегањето на власта да се продолжи рокот на пасошите за македонските граѓаните да не бидат заглавени.

Пренџов потенцираше дека иако власта се правда дека се кршел меѓународен договор, сепак се продолжија личните карти и возачките, што значи може и за пасошите, бидејќи се работи за истиот принцип на работа.

– Минатата година во пролетта алармиравме да се донесе закон за продолжување, бидејќи ќе имаме сериозен проблем, ќе немаме лични карти и пасоши, нема толку капацитет. Викаа дека не можело тоа ќе се кршело меѓународен договор. Еве се смени министерот за внатрешни работи, дојде Панче Тошковски го сменивме законот, еве важат личните карти. За пасошите истиот принцип на работа е, се работи за човекови права, за сериозни проблеми и ги повикуваме, претседател на Собрание е од СДС, тој треба да ја стави точката на дневен ред. Но немаат емпатија кон сопствените граѓани, кон тие кои ги плаќаат. Нема никаква логика, нагласи Пренџов.

Во однос на Законот за судии и јавни обвинители и намерата на СДС и ДУИ кандидатите писмено да полагаат Пренџов посочи дека власта сама со себе е контрадикторна и целосно е изгубена.

Законот за судии и обвините беше пуштен пред две години во Собранието во Комисијата за политички систем и тогаш го спречивме бидејќи беше пуштен во оваа комисија. Потоа го повлекоа и минатата година некаде јуни го испратија со европско знаменце и помина во Собранието. Тогаш европското знаменце го правдаа со тоа дека идните судии ќе бидат спремни да знаат ќе има електронско полагање, имавме забелешки, дискусии, но го поминаа. Сега доаѓаме до трет обид, сега повторно со знаменце викаат писмено да се полага. Ако европска вредност минатата година беше електронско полагање  и да се бираат најдобрите, сега европска вредност им е спротивното, гледате какви изгубени случаи се, изјави Пренџов.