СДСМ: Над 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски

0
1121

На изборите на 11 декември граѓаните изгласаа промени, стои во реакцијата од СДСМ на прес-конференцијата на Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гласаа за добар живот, повисоки плати, силни домашни фирми, парите да се вратат кај граѓаните, инстутуциите да работат во служба на граѓаните и за правда за сите.

Над 600.000 граѓани се изјаснија дека повеќе нема место во политиката за ликови како Никола Груевски, нема криминали, нема крадења избори како што тоа го правеле од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го носат промените го избезумува Никола Груевски.

Затоа те тој се заканува, те го праќа Тодоров да плаче“, соопшти СДСМ.

Од партијата додаваат дека Република Македонија ќе добие влада на своите граѓани. „Демократските процеси се почнати и назад нема, тоа го знае и Груевски. ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Доаѓа живот“, пишува во партиското соопштение.