ОВОЈ Е ПЕЧЕН ЗА ЦРНА ЛИСТА НА САД – МИЦКОСКИ ОД КИЧЕВО : АКО ЕДЕН ПРАТЕНИК ЈА ИЗНЕВЕРИ МОЈАТА ДОВЕРБА, ЗАМИНУВАМ!

0
672

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа на обраќање во Кичево рече дека доколку еден пратеник ја изневери неговата доверба и гласа за уставните измени, тогаш тој засекогаш ќе замине од политиката.

„Пред нецела година јас кажав дека доколку само еден (пратеник) ја изневери мојата доверба, вашата доверба, довербата на граѓаните, јас заминувам од политиката“ рече меѓудругото Мицкоски.

Тој потсети на периодот кога тогашната власт бараше гласови за менување на името на Република Македонија и рече, најдоа гласови во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Трчаа по ВМРО-ДПМНЕ и најдоа осум гласови.Тоа беше голем срам за партијата“ – нагласи тој.

„И не беа само осуммина пратеници, беа повеќе, имаше неколкумина кои беа на `резервната клупа`. Да, тоа е вистината. Додека не ја погледнеме вистината во очи, нема да бидеме подобри. Така беше. И затоа ви повторувам, ако еден пратеник ја изневери мојата доверба, јас заминувам“ порача Мицкоски.