ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ЕКОНОМСКИ ЗАОСТАНУВА И ПОРАДИ НЕОДЛУЧНОСТА НА ЕУ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ НА ПРЕСПА ФОРУМОТ ЗА ДИЈАЛОГ: БАРАМЕ И САД ПОПОВЕЌЕ ДА НИ ПОМОГНАТ ДА НАПРЕДУВАМЕ А НЕ САМО ДА КОНСТАТИРААТ ПАД НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ИНДИКАТОРИ ВО РЕГИОНОТ

0
679

На панел дискусијата “Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан” која денеска се одржува во Охрид во рамките на Преспа форумот за дијалог, претседателот Пендаровски посочи дека потребно е да се направат реформи кои луѓето ќе ги направат среќни и младите да останат во своите земји.

“Помогнете им на луѓето кои живеат во овој регион. Би сакал и јас да се извинам за тоа. И јас сум еден дел од тие сили кои дава глас во овие земји. Без комбинацијата на нашите енергии, визии, проекти не можеме да успееме. Ако целта ни е да воспоставиме на ново некои врски, кои беа толку плодотворни во 90-тите години, под други околности и друга средина, никој нема да може да каже дека пред 10 години Западен Балкан не успеал. Не зборувам само за интеграцијата во ЕУ, туку за вистинските реформи на терен и среќата на луѓето која им недостасува. И би сакале уште толку години да видат напредок во нивните општества и во следните 3, 5, 10 години, да ги забавиме негативните процеси, што ќе следат на празнење на регионот затоа што најпаметните, најмладата, најдинамична сила го напушта регионот. Во суштина ние нема да имаме никој на кој ќе можеме да се потпреме кон вистинскиот живот за да го видиме вистинскиот проток на нашите економии” – рече Пендаровски.

Западниот Балкан во последните години заостанува во економска смисла зад ЕУ, повеќе и од претходната деценија, а Вашингтон само го следи падот на сите демократски индикатори.

“ЕУ не е способна сама да предводи, САД не би сакала да предводи сама, а регионалните елити не се заинтересирани. Би сакал да бидам искрен, бидејќи и јас сум дел од тие регионални елити, не би сакале да направат напори за темелна промена на нашите општества. Конечниот резултат е дека Западниот Балкан особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад ЕУ и повеќе од претходната деценија, 2000-те години, а Вашингтон е тука само да го следи и да сведочи за падот на сите демократски индикатори. Во демократска смисла, Западниот Балкан е поназад од пред 10 или 15 години. Западниот Балкан има 18 милиони население на хартија, а во реалноста четири милиони помалку” – изјави Пендаровски.