ВМРО-ДПМНЕ ГО МЕРИ И РЕЈТИНГОТ НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, А МИЦКОСКИ ГО СМЕТА КАКО ЕДЕН ОД НИВНИТЕ НАЈДОБРИ КАНДИДАТИ ЗА ДА ПОБЕДИ УБЕДЛИВО ПРОТИВ ШИЛЕГОВ

0
880

“Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15 кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. Се работи за комплетно нови имиња, познати за жителите на општините од кои доаѓаат и првпат се кандидираат за политичка функција. Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото. Има многу кандидати кои би можеле да бидат успешни и победници во дуелот со Шилегов, но ние сакаме победата да биде најубедлива досега и знак дека времето на политичките измамници е минато” – рече Мицкоски.

Во однос на фингерпринт апаратите за кои вчера на брифинг Љупчо Николовски изјави дека е можно и да нема за претстојните локални избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека нивното обезбедување е законска обврска.

“Ако е точно дека така рекол, значи дека оној што треба да го почитува Законот, свесно најавува негово кршење. Ако знае нешто што ние не знаеме, треба да и’ соопшти на јавноста. Не верувам дека членовите на ДИК се подготвени како Николовски да го кршат Законот. Очекувам терминалите за отисок од прст да бидат успешно обезбедени, инсталирани и фунционални” – потенцираше Мицкоски.