СПАСОВСКИ : КОМПЈУТЕРСКИОТ КРИМИНАЛ ГОДИНАВА БЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ, ПОЛОВИНА ОД КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА СЕ ВЕЌЕ ЦЕЛОСНО РАСЧИСТЕНИ

0
318

Компјутерскиот криминал годинава бележи намалување, половина од кривичните дела се веќе целосно расчистени.

Сајбер нападите можат да имаат далеку полоши последици одошто конвенционална војна и во овој дел Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал при МВР подолг период веќе работи на справување на ваков тип на сајбер напади, на сајбер закани коишто ги имаме, на борбата против тероризмот, радикализмот – сето тоа го опфаќа овој вид на криминал.

Исто така, направивме посебни протоколи, коишто практично ги дефинираат чекорите кои што ги презема МВР во услови кога имаме сајбер закани. Знаете дека државата беше соочена со сајбер заканите, меѓутоа, новите протоколи за проценката на сериозноста на хибридните закани практично вродија со огромен резултат во ефикасноста на МВР.

Во првата половина од 2022 беше регистрирано зголемување на компјутерскиот криминал во државата за некаде околу 48 проценти, во споредба со истиот период во 2021, но и ефикасноста во нивното расчистување изнесуваше 67%, што пак придонесе годинава да има намалување на компјутерскиот криминал за 7,4 проценти во споредба со минатата година, а 47,3 проценти од кривичните дела веќе се целосно расчистени.