ШОКАНТЕН РАЗГОВОР ПОМЕЃУ ГЛАВНИОТ МЕДИУМСКИ ФОЛИРАНТ НА РЕЖИМОТ ИЛЧЕ ВЕЛЕШАНЧЕ И ЈАНКУЛОВСКА : Илија Димовски нарачува притвор кај Зврлески преку Јанкулоска!

0
1315

dimovski-jankuloska

СДСМ објави разговор за кој посочија дека е помеѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски и Гордана Јанкулоска, како тој нарачува притвор за свои сограѓани од Велес и бара помош од Гордана Јанкуловска, да се издејствува притворот со помош на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јанкулоска се нуди за помош, ќе притиснела ако треба кај Јавниот обвинител, и, како што вели самата „ако треба кај Марко ќе ургираме“.

Овој разговор потврдува дека директната контрола на власта над обвинителството и партиската сервилност на Зврлевски одела дотаму што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можеле да си нарачаат и притвор за некои свои сограѓани. Дотаму оделе злоупотребите на власта, рекоа од СДСМ.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Илија Димовски

ИД: И сеа јас сакам сеа да им закачиме притвор, да ти кажам право…

ГЈ: А пуштена е пријавата, предадена е?

ИД: Значи има материјали, работи и Пере, тој криви…

ГЈ: Важи бе нека каже…ако му треба на него помош, да притиснеме…

ИД: Со кого да… да зборам ја со Зврлевски?

ГЈ: Со него ти збори, он нека си ја поднесе пријавата па после ако треба кај Марко ќе ургираме…

ИД: Е па веќе е дојдено, они контактирле веќе со Славица, таа шо е во Велес обвинителката, она се тегавела…

ГЈ: Ахаа..

ИД: И не е лошо…

ГЈ: …епа заврти му на Марко ако има проблем…

ИД: Ај само прати ми го бројчето…

ГЈ: Ако има проблем врти ми на мене…важи договорено. Ти види за ова шо ти пишав…

ИД: Да, да јавено е секаде Горде, јас не… не мора да ме проверуеш…

ГЈ: Добро добро, ја знаеш морам.. мене тоа ми е работа…

ИД: Хахахаха…

ГЈ: Ајде

ИД: Ај само прати ми го од Марко бројчето…

ГЈ: Важи Иле, одма чао