ХРВАТСКА ДОНИРАШЕ 10 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА, ФИЛИПЧЕ: НАЈАВЕНИ СЕ И НОВИ 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ

0
668

“Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на Астра Зенека. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот Астра Зенека или на производителот Модерна што ќе биде практично прва количина од оваа вакцина која би стигнала во нашата земја” – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Хрватска се покажа како еден многу добар менаџер во текот на почеток на кризата кога водеа со ЕУ, а тоа беше првата половина на 2020 година кога активираа многу механизми и кога еден навистина хетероген систем во смисла на различни здравствени системи во рамките на ЕУ требаше да одговори унисоно. Во таа смисла, разговаравме и за тоа што би можело и како да биде ситуацијата во есенските месеци и секако организацијата на целокупните процеси во текот на летните месеци” – рече Филипче.