СПАСОВСКИ : ДА ЖИВЕЕ ЕБР, ДА ЖИВЕЕ НАШАТА ТАТКОВИНА

0
352

Овој ден, 23 август, претставува датум од исклучителна важност – 22 години од формирањето на нашата Единица за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Тежнеејќи кон воспоставување комплетна функционална хармонизираност на сите сегменти на полициското работење согласно нашата национална стратешка определба за евро-атлантска интеграција и целосно имплементирање на фундаменталните демократски вредности, евидентни се извонредните резултати кои ги постигна оваа Единица, а и МВР во целост, на кои гледам и како на дополнителен мотив за натамошното работење.

Вие, низ деноноќните активности, покажавте дека нема простор за ниту еден криминалец или криминална група да ги загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија.

И, без никаков сомнеж, за Министерството за внатрешни работи – прашањето за визијата и правците за натамошно развивање и унапредување на Единицата за брзо распоредување во сите нејзини сегменти, е сосема на врвот на приоритетите – без исклучок! Бидејќи, досегашните резултати на Единицата, нејзините и стремежите на сите нејзини припадници тоа го заслужуваат во целост.

Во свое и во име на раководството на МВР ви го честитам Денот на формирањето единицата и ви посакувам здравје и натамошен успех, како на професионален, така и на личен план.

Да живее Единицата за брзо распоредување!

Да живее нашата татковина – Република Северна Македонија!“ стои во постот на Спасовски.