ТВИТЕР БОТОВИ НА ЛЕВИЦА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СПОДЕЛУВААТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ НА ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО И ПОВИКУВААТ НА ЛИНЧ

0
719

 

Во пресрет на утрешната пленарна седница на македонското собрание на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“, на социјалната мрежа Твитер се појави слика со телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и од нивната коалиција.

Насловот на сликата: „Порачајте им да не го предаваат народот“, сугерира дека треба да се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“.

Иако припаѓаат на истата коалиција, од листата се изоставени броевите на кои може да се контактираат пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС. Овиe три партии кои во Собранието се претставени со 4 пратеници во изминатиот период изразија резерва околу можноста да го поддржат предлогот.

Поради заштита на личните податоци, телефонските броеви на принтскринот се засенчени.