Спасовски за Цивил: Ќе ја декриминализираме и деполитизираме полицијата!

0
1110

Третиот приоритет е добрата соработка и профункционирањето на Специјалното јавно обвинителство, затоа што тоа е многу значајно  за Република Македонија. Исто така, многу е значајно и за МВР,  имајќи ја предвид аферата со прислушувањето, или таканаречените политички бомби. Тие го урнаа угледот на МВР, и ние сме многу заинтересирани,  и јас како актуелен министер, да направиме сé, преку Специјалното обвинителство, да дојде до разврска на оваа афера,  да се најдат виновниците,  и на тој начин да се врати довербата кај граѓаните во системот, И притоа, да се создадат правни рамки во најбрзо можно време, кои што ќе гарантираат немање на никаква можност за злоупотреба на системот од било кого. Значи, ова што ни се случи, да не ни се повтори никогаш повеќе.

И четвртиот главен приоритет е да направиме сé да имаме фер и демократски изборен процес и демократски избори. Да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија,  да донесат вистинска одлука на следните избори, без притисоци,  и без закани и уцени.  Тоа ќе значи дека МВР,  мора да биде Министерство на сите граѓани на Република Македонија. Вработените ќе мора да одработат професионално, и во тој поглед, секој професионалец кој ќе работи според законот, ќе ја има мојата поддршка и помош во Министерството, а секој оној кој  се осмели да работи спротивно на закон или по некој партиски диктат, ќе има многу сериозна санкција. Тоа е пораката која ја упатив уште првиот ден по влегувањето во МВР. Секако дека МВР, во соработка со ДИК, ќе мора да работи на прочистување на изборниот список, се со цел, овој изборен  процес да биде таков што ќе овозможи вистинска одлука на граѓаните на Република Македонија и процес во кој што пред сé, граѓаните ќе имаат доверба – изјави Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Цивил – Цeнтарот за слобода.

(…)

ЦИВИЛ Медиа: Дали верувате дека имате целосен  увид во МВР? Дали во секторите контраразузнавање и во униформираниот дел на полиција постои паралелна власт? Поточно, дали верувате дека ќе се справите со партизацијата на безбедностите структури во Македонија?

СПАСОВСКИ: Видете, две работи се многу значајни во МВР, кои сакам да ги потенцирам, и  за кои ќе се залагам. Едната е деполитизацијата,  да се направи целосна деполитизација на МВР, а втората работа е декриминализацијата на оваа институција. Овие две работи не се процес кој ќе заврши за ден-два, за една недела или за еден месец,  ова не е процес што може да заврши до крај или 100 %,  ниту на подолг временски рок. Но, ова е период кога овој процес може да започне и токму заради тоа, воспоставувањето на контрола преку работењето на професионалци и преку најстроги санкции за секој кој нема да ги почитува  нормите, правилата и законските одредби и ќе постапува по некакви други норми, ќе треба да биде врвен приоритет. Тоа е и моја цел и така ќе настапувам во целиот овој период. Да го започнеме процесот на деполитизација и декриминализација на оваа институција, со цел граѓаните да ја зголемат довербата во неа.

Интервјуто на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во целост прочитајате го ОВДЕ