Николовски : Денеска во кочанско Оризари, по повод празникот Св.Атанасиј, го пуштивме во употреба пристапниот пат од с.Оризари до манастирот Пресвета Богородица

0
643

Овој пат, денеска целосно реализиран, како проект беше разгледуван во периодот додека бев министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, што ми претставува посебна гордост.

Пристапниот пат е од огромна важност за поврзување на жителите од градските и руралните средини, осовено бидејќи води и до прекрасната туристичка населба, Добра Вода.

За овој проект, општина Кочани доби финансиска поддршка преку мерките за поддршка на општините преку Програмата за рурален развој, во износ од 12 милиони денари.

Реализацијата на капиталните проекти, дел од оваа Програма придонесува за подобрување на инфраструктурата, особено во руралните средини, за развој на рурален туризам и крајно подобрување на условите во секоја општина.

Остануваме максимално посветени на поддршката за развој и подигање на капацитетите на единиците на локалната самоуправа.