ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГО РАЗУБАВУВА СКОПЈЕ СО 200 НА СААТ : СЕ УРЕДУВА НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО ТАФТАЛИЏЕ

0
813

На јавната површина пред Веро во Тафталиџе, Град Скопје деновиве почна со уредување нов зелен сквер. Оваа локација во општина Карпош е петтата од вкупно 7-те локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови, а граѓаните добиваат нови квалитетени јавни простори за одмор, релаксација и маалски дружења.🍃

🌳Запуштениот простор во Тафталиџе наскоро ќе стане нова зелена површина со 50 висококвалитетни дрвја, нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) и ново осветлување. Ќе бидат поставени и реквизити и опрема за забава и анимирање на најмладите, наменети и за децата со посебни потреби.

🏡Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на Иницијативата на Скопје Лаб и УНДП што започна во 2018 година. Овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов