НЕ Е СЕКОЈ ПРАТЕНИК БОНЕВА СИЛВАНЕВА ЗА ЌАР ОД ПАТАРИНИ – Пратеник бесплатно ќе пренесува граѓани од Куманово до Скопје

0
1095

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, кој живее во Куманово, ги повика своите сограѓани да патуваат бесплатно со него до главниот град Скопје. Тој секој ден патува со својот автомобил за да стигне на работа во Собранието на Македонија.

Како што истакна тој, тоа ќе го прави без никаков надомест со можност граѓаните да поразговараат со него во врска со некој проблем.

„Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот ❗️
…….“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено(пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз. Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест,а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”…..

Мал гест, ама искрен и од срце“, пишува тој на својот Фејсбук профил