Филипче: На ден ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани

0
796

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Телма рече дека кога ќе почне вакцинацијата на населението ќе се вакцинираат од 2.500 до 4.000 граѓани на ден.

-Станува збор за вакцинирање од 300-500 луѓе на ден само на овој пунт на Инфективната клиника. Зашто сакаме сите вработени кои работат со ковид да бидат вакцинирани централизирано и со таа динаминка ќе стигнеме многу брзо со вакцинирање на сите здравствени работници кои работат со Ковид. Системот за вакцинација потоа ќе се дисперзира низ сите пунктови во државата. Капцитетот е меѓу 2ипол и 4 илјади на ден и за кратко време може еден сериозен процент од населението да се вакцинира, вели Филипче.