СУДСКИ РЕФОРМИ, МАРИЧИЌ: ФОКУСИРАНИ СМЕ НА НОВ ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ И НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

0
1002

“Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата” – истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој преку видео-врска се обрати на 30-тата сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Маричиќ во своето обраќање ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичното право.