НЕВЕРОЈАТНА РАШОМОНИЈАДА : ПОШТА ИМА АКУМУЛИРАНА ЗАГУБА ОД 18,7 МИЛИОНИ ЕВРА!

0
129

– ОВАА ФИНАНСИСКА КРИЗА Е РЕЗУЛТАТ НА ЛОШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТЕЊЕТО ВО МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА И МЕНАЏИРАЊЕТО СО ГОДИНИ, КОЕ СЕ СПРОВЕДУВА СО НЕПРОДУКТИВНО ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊА, СО ШТО СЕ ДОВЕДОВМЕ ВО СОСТОЈБА НА НЕДОСТИГ НА РАБОТНИЦИ ВО ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС, КАДЕ ШТО НАЈМНОГУ СЕ ПОТРЕБНИ РАБОТНИЦИТЕ, А ТОА СЕ РАЗНЕСУВАЧИ НА ПОШТА, НЕДОСТИГ НА ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИЦИ И НА РАБОТНИЦИ ВО ТЕХНОЛОШКИОТ ПРОЦЕС. КАКО РЕЗУЛТАТ НА ТИЕ ПОЛИТИКИ, ИМАМЕ ПРЕПОЛНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА И ШЕФОВСКИ ПОЗИЦИИ – ВЕЛИ ВЕЛИГДЕНОВ. 

Покрај вработените, од Пошта се незадоволни и граѓаните. Тие често реагираат дека со месеци ги чекаат пратките и дека никогаш не може со сигурност да сметаат дека нешто што порачале, ќе им стигне.– Откако добив нотификација дека пратката е стигната во Македонија, трипати одев во надлежната пошта и упорно ме убедуваа дека таква пратка кај нив нема. Но, откако со повишен тон, крајно револтиран, реков дека нема да се поместам од шалтер, вработената конечно почна детално да бара и ми најде дури три пратки што сум ги нарачувал – вели еден наш соговорник.

Во изминатиов период од Пошта пристигнуваа разни оправдувања за нејзината нефункционалност. Од тоа дека системот за прераспределба на пратки им бил расипан, до тоа дека нема поштари. Врв на сè е што едно време им се дозволуваше на најупорните граѓани сами да си ги бараат пратките!

Според надлежните, корисниците треба да си ги користат своите права – независно дали се во својство на примач или во својство на испраќач, тие имаат право да пратат рекламација до давателот на поштенската услуга во законските рокови, но притоа има и втора инстанција, па доколку не е одговорено по основ на рекламацијата, или доколку не е задоволен од договорот, корисникот на поштенската услуга може да поднесе претставка, односно управен приговор до Агенцијата за пошти.

Во Извештајот е забележано дека Пошта е тужена за голем износ, а и се јавува како тужител. Против Пошта се водат судски спорови во вредност од 890.000 евра, додека таа тужи за 930.000 евра. Во финансискиот извештај за до крајот на 2022 година е наведено и дека Пошта има отворени побарувања од дури 4,3 милиони евра, како и дека за околу 580.000 евра постои сомневање во наплатливоста.Финансискиот извештај за минатата година на Пошта на Северна Македонија се очекува во наредните месеци и тој може уште повеќе да ја зголеми акумулираната загуба.
Во првото полугодие од 2023 година работеле вкупно 36 даватели на поштенски услуги.

 Рок од 3 и 6 месеци за рекламација за загубена пратка

Корисник-испраќач на поштенска пратка има право да поднесе писмена рекламација во рок од: три месеци, од денот на испраќањето на пратката, за пратки од внатрешен поштенски сообраќај и шест месеци, од денот на испраќање на пратката за пратки од меѓународен поштенски сообраќај. Корисник-примач на поштенска пратка има право да поднесе рекламација за примените пратки во случај на оштетување или намалување на содржината на поштенската пратка и тоа: веднаш, ако оштетувањето е видливо однадвор, или во рок од 24 часа од приемот на поштенската пратка ако оштетувањето не е видливо однадвор, под услов да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред нејзиното врачување, велат од Пошта.