Забрана за движење низ целата земја од попладнево, петок од 16 часот, па се до вторник наутро

0
1175

Движењето на граѓаните ќе биде ограничено за време на продолжениот викенд, со што ќе стапи на сила 85 часовен карантин низ целата територија во Македонија.

Согласно одлуката што Владата ја донесе на седница, од денеска во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движењето за сите граѓани.

По вторник, како и досега, останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 до 5 часот наредниот ден.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните што вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.