ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ЕСАД РАХИЌ: Режимот се пресметува со моето семејство затоа што се во очај дека заминуваат во опозиција!!!

0
3649

Уапсен е братот на поранешниот пратеник од СДСМ Есад Рахиќ, Сеад Рахиќ под сомнение дека продавал кокаин.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција.

„Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица.Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија“ стои во соопштението.

Братот на уапсениот Рахиќ, поранешниот пратеник Есад Рахиќ за Телма изјави дека случајот против неговиот брат е политички мотивиран со цел да се сврти вниманието на јавноста од актуелната тема на составување влада и да се оцрнат политички личности. Рахиќ наведе дека специјалци во полна опрема упаднале во семејната куќа каде живееле братот и неговите родители но во претресот не нашле нисто.

Попладнево Рахиќ заедно со уште едно лице се пренесени во Основниот суд Скопје 1 каде што ќе даваат изјава.