КОАЛИЦИЈА „ВРЕДИ“ : ПАТЕТИЧЕН Е ОБИДОТ НА ДУИ ДА ПОКАЖЕ НЕКАКВО КОАЛИЦИСКО ОКРУПНУВАЊЕ ВО Т.Н. „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“

0
177

Лидерите на четирите опозициски партии на Албанците кои се дел од коалицијата „Вреди“ / Фото: Архива„Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалициски партнер. Изронија трошки за сега во очај да ги собираат“ се вели во писмената реакција на коалицијата „Вреди“ чиј адут во трката за претседател на државата е актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Оттаму велат дека да не е смешна целата ситуација бил била трагична и им порачувајќи на, како што ги нарекоа „самоназначените ловци на Руси“ да си погледнат во сопствените редови.„Казино-бизниси со српско подземје, руски бизнис-врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ“,велат од коалицијата на опозициските партии на Албанците.

Според нив, ќе биде многу интересно да се гледа лидерот на Народното движење, Скендер реџепи-Зејд, како ги брани „овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници“.„Се ближи 24 април (првиот круг на претседателските избори), а брзо ќе дојде и 8 мај (вториот круг од трката за претседател и датумот кога се закажани парламентарните избори), кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“,порачуваат од коалицијата „Вред

Инаку, Скендер Реџепи-Зејд до 2022 година беше член и пратеник од партијата на Африм Гаши, Алтернатива, која сега е дел од коалицијата на опозициските партии на Албанците, заедно со Беса на Билал Касами и Демократско движење на поранешниот висок функционер на ДУИ, Изет Меџити.Реџепи и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ги ставија своите потписи на договорот за заеднички предизборен настап во рамките на коалицијата „Европски фронт“.

Од потпишувањето на договорот меѓу Али Ахмети и Скендер Реџепи-Зејд / Фото: Фејсбук-профил на Бујар Османи. Ахмети по потпишувањето рече дека во тек се разговори и со други политички партии за приклучување кон оваа коалиција.„Разговараме со сите, и со Алијанса за Албанците, со г. (Мендух н.з.) Тачи (лидер на ДПА н.з.), со г. Аријанит Хоџа (лидер на Европска демократска партија н.з.) , со турски, бошњачки и ромски партии да се приклучат на овој фронт“,кажа Ахмети.

ДУИ го доби првиот потпис за „Европскиот фронт“ од партијата на Скендер Реџепи – заедно ќе ѝ кажат „да“ на ЕУ и „не“ на Русија. Говорејќи за Европскиот фронт, лидерот на ДУИ рече дека С Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија затоа што не само земјава, туку и регионот има потреба од повеќе мир, поголема стабилност и подобра иднина. Работите што се случуваат околу нас и далеку од нас, а кои не одат во прилог и се во спротивност со ваквата агенда, Ахмети рече дека имаат едно име – Русија.Претседателот на Народното движење, Скендер Реџепи, потпишувањето на договорот го оцени како историски ден и додаде дека „Европскиот фронт“ ќе докаже дека има капацитет да победи на претстојните избори.