Штип и македонскиот исток многу добро знаат колку е значајно инвестирањето во патната инфраструктура, речиси и да нема патна врска која не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ, изјави претседателот Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Штип.
Автопатот Штип-Скопје го довршивме, го направивме експресниот пат Штип-Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три круши до Штип, клучката на влезот од градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип – Крупиште вреден 20 милиони евра и многу други проекти кои се направени и завршени од СДСМ.
Денеска бев на увид на експресниот пат од Крупиште до Кочани којшто е во завршна фаза. Вредноста на овој проект е 18 милиони евра и е многу значен за целиот овој регион, за истокот, рече Ковачевски.