ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ, КОВАЧЕВСКИ И ПЕНДАРОВСКИ ДА КАЖАТ КОЈ ГО ПЛАЌА СТРАНСКИОТ ЕКСПЕРТ ЗА ЦРНИ КАМПАЊИ АСАФ ИСЕИН, ДАЛИ СТРАНСКА ДРЖАВА ИЛИ ВО КЕШ СО ШТО ПРАВАТ КРИВИЧНО ДЕЛО

0
151
СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело.

СДС молчи и не одговара зошто се фатени во тесно. Вистината излезе на виделина.

Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и дека тој бил ангажиран од СДС.

Колку и Ковачевски да сака да го прикрива Пендаровски, кој беше искрен, не може.

СДС треба да каже дали во последните 10тина дена Исеин е чест посетител на нивниот штаб и дали тој им ги прави црните кампањи? Дали тоа го прави во канцеларии во еден хотел на кејот на Вардар и кој го плаќа сето тоа?

Дали ангажирањето на странскиот експерт е платено од некоја странска држава која има интерес да се меша во изборите во Македонија или пак, истото е платено во кеш? И едното и другото е кривично дело.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.