Пробиен уште еден рок, Јанева денеска требаше да почне со работа

0
853

Од денеска специјалниот обвинител Катица Јанева, според нејзиниот оперативен план, требаше да почне со работа, а во рок од осум дена требаше да ги преземе предметите на кои ќе работи од обвинителство.
Јанева се уште чека на изборот на уште седум обвинители во нејзиниот тим. За неговото комплетирање не помогнаа ниту ургенциите од партиите потписнички на договорот.

Советот на јавни обвинители засега останува на ставот дека на Јанева и се доволни 7 обинители, но таа одбива да почне со работа додека не го добие целиот тим.
Во меѓувреме, Владата обезбеди пари за нејзиното работење, а финансискиот план се очекува да биде одобрен и од Собранието.

Инаку, Законот за специјалното обвинителство, кое треба да ја истражува аферата со прислушувањето е оспорен пред Уставниот суд од страна на адвокат од Свети Николе, а слична иницијатива најави и државниот обвинител Марко Зврлевски. Судот се уште се нема произнесено.