ТЕШКО МОЖЕ ЧОВЕК ДА ЗАПАМТИ 15 ИМИЊА ЗА СУДИИ : ЗА ЦРВЕНКОВСКА НЕМА НИШТО СПОРНО ВО СПИСОЦИТЕ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ

0
485

Неопходно беше да имам листа со имиња затоа што јас на седницата изнесов 15 предлог кандидати, согласно моето право како претседателка и тешко дека човек може да запамти 15 имиња освен ако не ги запише како потсетник, вели Црвенковска во изјава за 360 степени.

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, негира дека постоел бунт на седум членови во советот кои наводно спречиле да помине готов список за гласање на клучни места во Академијата за судии и обвинители.

Таа вели дека сите колеги носеле такви списоци, но дека тоа биле нивни предлози за позициите кои секој член на советот има право да ги предложи. Нејзиниот список имал 15, нечиј друг шест имиња и така натаму.

Неопходно беше да имам листа со имиња затоа што јас на седницата изнесов 15 предлог кандидати, согласно моето право како претседателка и тешко дека човек може да запамти 15 имиња освен ако не ги запише како потсетник – вели Црвенковска во изјава за 360 степени.