ЛОГА ДО АПАСИЕВ : ПОЧИТУВАН ПРОФЕСОР АПАСИЕВ, НАУЧЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ВО ПРАВНИОТ СЕКТОР ВО ЛЕВИЦА ДА ПИШУВААТ ВИСТИНИТО И СООДВЕТНО ЗА ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД

0
456

Иницијативата на ,,Левица “ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција воопште не влезе во постапка затоа што ги немаше потребните гласови на јавна седница на Уставен суд. Оваа одлука, која вчера ја донесе Уставниот суд се однесува на формалниот дел, за почитување на уставниот рок за објавување во Службен весник, а не и за материјалниот дел (содржина).

Господине Апасиев, како политичар, можете да си дозволите себеси да манипулирате со популистички реакции во јавноста, но како професор по право, недозволиво е да кажувате невистини.Прво, оваа одлука не е донесена по Ваша иницијатива за оценување на законскиот рок, и второ, двојазичните изводи не се поништени, тие важат и истите беа во употреба уште на времето на твојот Тито. Така ќе останат и натаму.

Со почит, Кренар!

Фејсбук статус на министерот за правда, Кренан Лога.