МАРИЧИЌ : НАЈОСТРО ГИ ДЕМАНТИРАМ НЕДОСТОЈНИТЕ И НИСКИ ЛАГИ НА ПРАТЕНИЧКАТА ДАФИНА СТОЈАНОВСКА, ТАА И НАНЕСЕ СРАМ НА СИТЕ ПРАТЕНИЦИ

0
868
Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска.

Со пратеничката ниту сум имал каква било комуникација ниту сум ѝ испратил каква било вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.

Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија.

Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси.

Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации.

Достојноста на македонскиот парламент е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор.
Фејсбук статус на Бојан Маричиќ.