ПЕТРЕ КРЕНА РЕЈТИНГ СО НАПОРНАТА РАБОТА, ВМРОВЦИТЕ ГИ НАПОЛНИЈА ГАЌИТЕ: МИЦКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ВМРО ДПМНЕ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ ЈУНАК ШТО ЌЕ ГО ПОБЕДИ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ?!?!

0
1138

За разлика од СДСМ, каде што станува се поизвесно дека актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов во октомври ќе се натпреварува за нов мандат, во ВМРО-ДПМНЕ, според партискиот лидер Христијан Мицкоски, во тек се анкети од кои ќе се процени кои би биле фаворитите на опозицијата за главниот град на претстојните локални избори.

Мицкоски, на денешниот брифинг, рече дека се „тестираат“ близу 40 потенцијални кандидати за градоначалник на Скопје, а конечниот избор ќе биде соопштен кон крајот на летото или во септември. Мицкоски не спомна имиња на личностите кои се во игра, додека соговорници од ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за „360 степени“ не исклучуваат можност кандидат повторно да биде поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, кој беше на функцијата во периодот од 2009 до 2017, во два мандати, а претходно беше и градоначалник на Гази Баба. На последните локални избори, во 2017 година, Трајановски, уште во првиот изборен круг, беше поразен од Шилегов, кој, пак, беше заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ.

Откако Шилегов повтори неодамна дека планира уште една кандидатура за Скопје, по што и партискиот лидер Зоран Заев потврди дека актуелниот градоначалник е негов фаворит за уште еден мандат, не се очекуваат поголеми изненадувања при изборот на кандидатот на СДСМ за главниот град. И во СДСМ велат дека се во тек анкети пред официјализирање на кандидатурите за градоначалници на изборите во октомври. Во однос на Скопје, од партијата велат дека Шилегов засега стои најдобро на анкетите во однос на другите можни кандидати, чие рангирање, пак, би можело да има влијание при составувањето на новата советничка листа за главниот град.

Тоа што Шилегов е еден од двајцата актуелни градоначалници што влегоа во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ (покрај Стефан Богоев од Карпош), кој беше избран по конгресот на 16 мај и еден од ретките од претходниот состав на ова тело кој ја задржа позицијата, се посочува како аргумент плус за неговата можна нова кандидатура.

Трајановски, исто така, влезе во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, што Мицкоски го назначи есента минатата година, во екот на превирањата во партијата и барањата за негова оставка по парламентарните избори. Исто така, во изминатиот период, тој мошне често ги критикуваше политиките на Шилегов.

Сепак, соговорниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во партијата, од друга страна, преовладува мислење дека на овие избори треба да се оди со ново име за Скопје, со оглед на тоа што Трајановски веќе има „багаж“ од три изборни циклуси – само за главниот град. Како едно од можните имиња се споменува и актерката Јелена Жугиќ, долгогодишна советничка на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, која во изминатиот период, исто така, многу често ги критикуваше потезите на Шилегов.

Првиот круг од локалните избори треба да се одржи во втората, наместо во првата, половина на октомври, како што се договорија Заев и Мицкоски на последната тет-а-тет средба, кога договорија и одложување на пописот за септември.