(ВИДЕО) ПРВО ПА ЖЕНСКО : Во Прилеп на новодишната вечер се роди здраво женско бебе веднаш 5 минути по полноќ

0
1098

Само 5 минути по полноќ во градската болница во Прилеп, на свет дојде Ива Кедиоска,втора рожба на мајката Андријана. Мајката пресреќна се заблагодари за целата грижа што и ја посветил дежурниот тим во Акушерското одделение.

„Многу сум среќна и благодарна на целиот тим на болницата,најмногу на д-р Оропан, пресреќна сум. Подобар подарок од овој не можев да добијам во новата година. Поминав со лесно, бебето е здраво и живо, се е во ред“, изјави мајката Андријана Кедиоска.