ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ИМ ЗАБРАНИ НА УЧЕНИЦИТЕ ДА НОСАТ ИСКИНАТИ ФАРМЕРКИ, ПИРСЕВИ И КРАТКИ СУКЊИ

0
539

Средно општинско училиште Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп донесе и објави правилник за надворешниот изглед на учениците во гимназијата. Правилникот доби и визуелен формат чии плакати се поставени на влезната врата и низ ходниците на училиштето.

Според визуелниот приказ забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони и маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки сукњи.

Училиштето исто така објави и кодекс за однесување на учениците и, а во него меѓу другото стои:

„Учениците се должни на часот (независно дали е со физичко присуство или учење од далечина), да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава независно(дали е со физичко присуство или учење од далечина). 5. Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги. 6. Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, без разлика дали е со физичко присуство или учење од далечина, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада)“, стои во кодексот на однесување.