МЕНАЏМЕНТОТ И ВРАБОТЕНИТЕ НА АЛКАЛОИД ВО СОРАБОТКА СО ЦРВЕНИОТ КРСТ ЌЕ ДОНИРААТ ОБЛЕКА ВО ПУНКТОВИ ПРЕД ФАБРИКАТА

0
420

„Донирај облека – сподели добрина“ е уште една во низата соработки меѓу „Алкалоид“ и Црвениот крст, кои со години наназад резултираат со голем хуманитарен ефект во интерес на оние на кои им е најпотребна помош, вреднувајќи ги хуманоста, човечката солидарност и општествената одговорност пред сѐ!

Акцијата за донирање облека е отворена за повеќе од 2000 вработени во базата на компанијата и ќе се одвива на наменските пунктови во рамките на сите локалитети на „Алкалоид“ АД Скопје од 19 до 30 септември 2022 година.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе