ЗБОРОТ НА ИЛЕ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ Е ЗБОР : Општина Прилеп ги интензивира активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа

0
1600

Во полн ек се активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа. Откако е легализиран објектот во којшто ќе биде сместен дневниот Центар и финализиран основниот проект, распишана е тендерската постапка. Оваа е последната фаза пред почеток на градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот за потребите на децата со церебрална парализа.

Паралелно со градежните работи и поставувањето на врати, дистрибутивна кујна, како и изградба на тоалети, приспособени за лица во инвалидска количка, Министерството за труд и социјална политика ќе работи на опремување на просторот. Обврска на Министерството е да го определи бројот на потребниот стручен кадар, што ќе работи во Центарот.

Услугите на дневниот Центар за деца со церебрална парализа ќе ги користат 25 лица. Центарот ќе биде сместен на улица „Цар Самуил“ бб, во поранешните простории на Фондацијата за поддршка и развој, веднаш до матичното одделение. Објектот се наоѓа на пристапна локација, што значи дека нема да има потреба од поголеми зафати за изградба на пристапни патеки. Тоа во голема мера ќе ја олесни комуникацијата на корисниците на Центарот, од тротоарот до влезот во објектот.

Она што со сигурност може да се каже, е дека дневниот Центар за деца со церебрална парализа комплетно ќе биде завршен и предаден во употреба, годинава.