КУРТИ МУ ПОТВРДИ НА ШОЛЕ ДЕКА ГО ПРИФАЌА ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА КОСОВО

0
376

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во телефонски разговор со високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија. „Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите.

За нормални, европски и добрососедски односи, премиерот Курти истакна дека покрај заемното признавање во основа на договорот мора да се земат предвид и правата на националните малцинства“, соопшти косовската Влада.