ПОВЕЌЕ ОД 600.000 ЛУЃЕ ЈА НАПУШТИЛЕ БИХ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ

0
447

Повеќе од 600.000 граѓани ја напуштиле Босна и Херцеговина во последните десет години, покажуваат неофицијалните податоци на Унијата за одржливо враќање и интеграција во Босна и Херцеговина.

Од година во година расте бројот на луѓе кои ја напуштиле државата.

-На крајот на 2021 година нашите волонтери забележаа заминување на 484.996 граѓани. На оваа бројка треба да се додаде фактот дека во 2022 година кантоните Посавина и Западна Херцеговина загубија 15.000 жители, од кои околу 70 отсто се млади луѓе, главно од Оџак, Домаљевац, Шамац и Модрича, изјави претседателот на Унијата, Мирхуниша Зукиќ во интервју за Аваз.

Масовното заминување на младите има и во Добој и Дервента, Теслиќ, Босанска Градишка, Приједор, Прњавор…

-Процентот на млади кои ги напуштаат Љубушки, Широки Бријег и Груд е дури 80 проценти. Грахово е град на духови, училиштата се затворени во Дрвар и се користат само за гласање на избори, источна Босна останува напуштена. Имаме толку многу тажни градови и, според добиените податоци, проценуваме дека во последните десет години од Босна и Херцеговина се иселиле 600.000 граѓани, изјави Зукиќ.