БОМБА НА АЛИ АХМЕТИ: Ако не се реализира договорот од Пржино ќе ја делиме Македонија!!!

0
1331

Блокада на работата на Собранието, Владата и институциите раководени од функционери на ДУИ, формирање Собрание на општините од Северозападна Македонија, па се до напуштање на извршната власт, се некои од опциите кои се на маса пред партијата на Али Ахмети во случај да пропадне договорот од Пржино, велат високи функционери на ДУИ за„Дневник“.

За да се спроведе договорот од Пржино, можно е партијата на Ахмети да се радикализира и да испорача барање да се формира Собрание на општините од северозапада Македонија по примерот на Заедница на српските општини во Kосово. Тоа ќе значи формирање Собрание на општините од Струга до Липково со претседател и пратеници и дури тогаш македонските партии ќе видат што значи политичка криза и од каков габарит на странски преговарачи ќе биде потребно да се ангажира за да се спасува државата – вели висок функционер на ДУИ.