АКО РУСИЈА ИЗГУБИ, НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ПОСТОИ – МЕДВЕДЕВ ЈА ОПРАВДУВА ОДЛУКАТА НА МОСКВА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД НУКЛЕАРНИОТ ДОГОВОР

0
464

Со оглед на тоа што САД сакаат да ја поразат Русија, ние имаме право да се браниме со какво било оружје, вклучително и нуклеарно, напиша Медведев.
„Ако Русија ја прекине специјалната воена операција пред да постигне победа, нема да има Русија, бидејќи таа едноставно би била растргната. Ако САД престанат да испраќаат оружје за режимот во Киев, војната ќе заврши“.

Вака напиша на Телеграм заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја одлуката на Русија да излезе од договорот за контрола на нуклеарните боеви глави со САД, наречен „Нов СТАРТ“, што беше протолкувано и како нуклеарно предупредување до Западот. Медведев вели дека „со оглед на тоа што САД сакаат да ја поразат Русија, ние имаме право да се браниме со какво било оружје, вклучително и нуклеарно“.

Тој го нарече говорот на американскиот претседател Џо Бајден „проповедање во американски месијански стил“.

„Кој е овој чуден дедо, кој зборува со загубен поглед од Полска? Зошто им се обраќа на луѓе од друга земја во време кога има доволно проблеми дома?“, пишува Медведев за вчерашниот говор на Бајден кој следеше само часови по обраќањето на Владимир Путин до руската нација.Медведев се прашува зошто Русите би му верувале на водачот на „непријателската“ нација која „покрена војни во 20-от и 21-от век повеќе од кој било“, и која има намера да ѝ нанесе „стратешки пораз“ на Русија.