КУЗЕСКА : СДСМ ОЧЕКУВА СИЛНА ГРАЃАНСКА ПОДДРШКА ЗА ПЕНДАРОВСКИ И ПРИ СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ

0
232

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Одговор: Актуелниот претседател Стево Пенадорвски вчера на неговата прес-конфренција каде што ја објави својата кандидатура побара поддршка од граѓаните во недела да го дадат својот потпис и да ја поддржат неговата кандидатура за втор мандат како претседател на државата, во оваа насока и СДСМ ги повикува членовите, граѓаните, сите поддржувачи да го дадат својот потпис како поддршка на кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Во изминативе години можам да истакнам дека Стево Пендаровски покажа и докажа дека е претседател на сите граѓани без разлика на нивната верска, национална па и партиска определба  и од тука очекуваме поддршката за него да биде масовна, да биде огромна.