ДЕТАЛИ ОД ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА – ЈАКИМОВСКИ : ГО ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕТО ЗА 27-МИ АПРИЛ, НИКОЈ ДРУГ НЕ ЗЕМА ЗБОР

0
787

Не сакам никој погрешно да ме сфати но јас сум убеден дека ова е вистинснкиот пат како да се разговара за битни крупни прашања во државата. Опозицијата може да биде и неодговорна и се да прави да дојде на власт, ама власта е одговорна за одлуките што се носат, вели Стевчо Јакимовски во денешната епизода на Тешки муабети во врска со лидерската средба одржана во понеделникот.

– Јас морам да упатам честитки до премиерот Ковачевски затоа што секој пратеник му е битен.

Бевме информирани што ќе се случува со енергетската криза, како ќе се разрешува, според европската агенда кои закони треба да се донесат во парлаентот и уставните промени согласно усвоениот француско-бугарски предлог во парламентот и барањето Бугарите да влезат во преамбулата а Уставот. Беше конструктивен разговорот, имаше различни гледишта, го знаете ставот дека лидерот на опозицијата смета дека треба да се оди на избори, јас можам да кажам што јас сум зборувал.

Народот треба да види дека во државата треба да има дијалог. Едно од клучните прашања беа реформските закони во правосудството, КЗ, ЗКП, платите на судиите и обвинителите. Јас се осврнав токму во тој дел. Протоколарно се беше во рамките на дозволеното, средбата почна во 12.15 минути. Немаше логика премиерот и претседателот на собранието да чекаат, јас не гледам тука никаков проблем. Сите три точки и за енергетската криза, кои се реформските закони и уставните промени, немаше детали околу првите две точки најмногу имаше за последната, за отварањето на Уставот.

Јас реков дека дијалогот треба да продолжи, мора да попуштат и власта и опозицијата, не може власта да очекува поддршка за 2/3 закони, а во исто време да има затвореници од политички монтирани процеси, валда не очекуваат да добијат поддршка од опозицијата чии функционери и членови се гонети и го поставив прашањето за 27 април.

Друг никој не го постави тоа прашање, кажав дека казнети се луѓето и треба да бидат казнети но не со вакви драконски казни, да се тргне таа работа, да се откочи процесот, да се изгласаат законите но сето тоа да се седне трезвено да се работава. Кај претставниците на власта мислам дека според изразот на лицата имаше одобрување за ова, мислам дека и целата опозиција го поддржува ова, вели Јакимовски.