ОВА БЕШЕ ДОБАР ДЕН ЗА АМЕРИКА, МЛАДИТЕ ИЗЛЕГОА МАСОВНО ДА ГЛАСААТ ЗА НАС И ФАЛА ИМ ЗА ТОА – БАЈДЕН СЕ ОБРАТИ ОД БЕЛАТА КУЌА ПО РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИЗБОРИТЕ ЗА КОНГРЕСОТ – ДЕМОКРАТИТЕ ИЗВАДИЈА НЕРЕШЕНО СО РЕПУБЛИКАНЦИТЕ

0
638

Сепак, тој истакна дека неговата партија „изгубила помалку места во Претставничкиот дом отколку на кои било среднорочни избори во последните 40 години“.

„Вчера одржавме избори. Ова беше добар ден за Америка и демократијата“, рече Бајден. Американскиот претседател посебно им се заблагодари на младите што гласаа. „Демократијата беше ставена на тест последните години, но американскиот народ се изјасни со своите гласови“, рече Бајден.

Бајден ги слави успесите на демократите. „Експертите предвидуваа „црвен бран“, но тоа не се случи“, рече Бајден, осврнувајќи се на резултатите што ги постигнаа републиканците и додаде дека многу резултати во клучните трки се уште се бројат.

Бајден ја повтори својата посветеност на борбата против климатските промени. „Подготвен сум да работам со моите републикански колеги и американскиот народ јасно стави до знаење дека републиканците треба да бидат подготвени да соработуваат со мене“, рече Бајден.