СДСМ ГИ ОДЛОЖИ СЕДНИЦИТЕ НА ЦЕНТРАЛЕН И ИЗВРШЕН ОДБОР: СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ПАТНИЦИ ВО АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА

0
629

СДСМ ги одложи закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради несреќата што се случи во Бугарија каде во изгореа 46 патници, а 7 се повредени.

“СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и на ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и до целиот наш народ” – велат од СДСМ.

На овие состаноци се очекува претседателот на СДСМ, Зоран Заев да поднесе оставка на функцијата и потоа да почне да тече рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.