Пејачката Нина Јанева на вчерашниот протест организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја замрси работата при што за време изведба на химната пропушти цела строфа од неа. Ова ли е тоа ВМРО-ДПМНЕ што се чука во гради за македонштина, за тоа колку големи македонци се а ни химната не си ја знаат на памет?! Ова е неверојатен блам за една патриотска и конзервативна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ.
Нина Јанева на протестот организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја утна цела строфа од химната на Македонија. Ова се тие патриоти на хартија, синови македонски на ВМРО. pic.twitter.com/lF98HjjfwT
— SuicideMessiah (@SuisajdMesija) May 30, 2021