Сојузот на глуви се вклучи во акцијата за помош на жртвите во невремето во Скопје

0
902

Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија (НСГНМ) се вклучи во акцијата на Црвениот крст за донирање парични средства и хуманитарна помош за настраданите во невремето што викендот се случи во Скопје.

Претседателот на здружението Васко Марков на денешната прес-конференција рече дека во овие моменти пред се мораме да бидеме истрајни и хумани, како што сме покажале многу пати досега и сме учествувале со помош и поддршка на секој кој имал потреба.

– Националниот сојуз на глуви и наглуви изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во невремето што викендот се случи во Скопје. Глувите лица се хумани луѓе и ги повикувам сите наши членови што помасовно да се вклучат со донации на ќебиња, храна, вода за пиење, пелени и кој што може и има во рамки на можностите, рече Марков.

Изразувајжи сочувство, истакна дека денес помошта е потребна на овие луѓе, а утре може на кого било од нас.