Двајца ВД директори и еден раководител од Прилеп под лупата на финансиска полиција и ОЈО

0
2324

Според извори на ОЈО и финансиската полиција дознаваме дека под истрага се водат двајца ВД директори и еден раководител.

Пријавените постапиле спротивно на службената должност и овластувања при што се стекнале со материјална корист, ОЈО оформиле три предмети за наводна техничка грешка по службена должност.

Од страна на ОЈО се спремаат и предмети за судии и обвинители вмешани во целиот овој случај. Од финансиска полиција информираат дека се работи за огромна сума на финансиска проневера и тоа за период од само неколку месеци во период од 2017-та и 2018-та година.