ЗАЕВ И СПАСОВСКИ ПРИСУСТВУВАА НА ЗАВРШНА ВЕЖБА НА МВР НА КАНДИДАТИ ЗА ПРИЕМ ВО СПЕЦИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ

0
938

Денеска, во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Лазарополе,првиот човек на МВР ,Оливер Спасовски,директорот на БЈБ Сашо Тасевски ,заменик директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски и командантите на специјалните единици беа домаќини на завршната вежба на која присуствуваа и претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, заменик претседателот на Владата за борба против корупцијата Љупчо Николовски, и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски. Со особено задоволство од присутните беше проследена заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР. За време на вежбата пред присутните високи гости , кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи.

Во оваа пригода министерот Спасовски на претседателот на Владата Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски , директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.