Николовски: Ќе воведеме двосменско работењето на клучните институции

0
971

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска на средби со граѓани на Велес најави мерки за реформи во администрацијата, истакнувајќи дека ќе нема отпуштања од работа и оти институциите ќе работеле во служба на граѓаните.

– За да можат граѓаните брзо, навремено и ефикасно да ги завршуваат своите обврски, клучните институции ќе работат во две смени во период од 08:00 часот до 20:00 часот, рече Николовски.

Граѓаните, истакна Николовски, треба да знаат дека на 11 декември ја избираат иднината и зад параванот одлучуваат сами.