БЕС И ОЧАЈ КАЈ ТАЛИБАНЦИТЕ ОД КАПИТУЛАЦИЈАТА ВО ПРЖИНО: Мирка Велиновска го нарече Груевски тиквар и првокласен лажов!

0
1828

mirka

Мирка го нарече Грујо црпка, т.е лрјка, вид тиква која се корусти за црпење вода од кладенци во селата. Прочитајте и самите:

Никола Груевски еднаш беше рекол дека една слика има значење на илјада збора. Што е точно и сега кога го гледаме него додека ги објаснува мотивите за одлуките што ги донел при преговорите во Црниче. Таа слика речито говори за сѐ она што тој ни го вети, а не го оствари и за сѐ она што не го ветил, а го остварил, иако никој не го побарал од него. 

Да заклучам, Груевски докажа дека е способен да лаже без да трепне исто како и Бранко Црвенковски. Транспарентен е како бетонски ѕид, одлучен како пишман аџијата, ’рбетлија како Зоран Заев, борбен како гирица. Но најжално и непростливо е тоа што со намера да потпише капитулација, го мобилизираше народот, го извади на митинг за народот масовно да го соопшти свој став, а потоа ладнокрвно го пушти низ вода.

Победниците, и црпнатите (страна А) и црпките (страна Б), олеснети со вашингтонско-бриселската притискачка екипа, формираат една насилна коалиција, која има цел да му го одземе статусот на суверен на македонскиот народ.

Nikola-Gruevski