КОВАЧЕВСКИ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН : ДА ЈА СЛАВИМЕ И ПОБЕДАТА НАД СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НИЗ КОИ ПОМИНУВАМЕ ЗА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ПОСЛЕ СИТЕ ИСКУШЕНИЈА ПОСИЛНИ И ПОДОБРИ

0
605
Во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија, на сите христијани на Католичката црква, и на д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија, им го честитам големиот христијански празник – Велигден.

Со пораката за воскреснувањето – „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – ја славиме и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда.
Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово за сите верници од Католичката црква!
Фејсбук статус на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.