ШОКАНТНО – ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРОБАРИ НА МАКЕДОНИЈА: МИНЧО ЈОРДАНОВ СЕТО СВОЕ БОГАТСТВО ГО СТАВИЛ НА КАРИБИТЕ ЗА ДА НЕ ПЛАЌА ДАНОК ВО МАКЕДОНИЈА!!!

0
4167

Замислете и покрај речиси 2 милиона евра субвенции земени од државата, фирмата АД ВАРДАР Гратско деновиве повторно оди во стечај, вработените не земале плата 3 месеци.

Што е најинтересно е што целото свое богатство Минчо Јорданов го ставил на Карибите за да не плаќа данок во Македонија, земјата која му даде се што има, имено, најбогат човек според листата на магазинот Форбс!

Порталот Призма направил фантастична истражувачка сторија за Минчо Јорданов:

Трета компанија која добила најмногу субвенции од 2010 до 2014 година во Македонија е АД „Вардар“ од Градско, со сума од 1,57 милиони евра. Се работи за еден од поголемите земјоделски комбинати во земјава. Сопственик, од 2007 година, е бизнисменот Минчо Јорданов.

Според податоците од Агенцијата за поддршка на земјоделството, компанијата добивала субвенции по повеќе основи, но најмногу за обележани грла овци. Сепак, од година в година, добива сѐ помалку субвенции.

Табела 5: Исплата на субвенции на АД Вардар

Но, по кратко пребарување за оваа компанија, веднаш се доаѓа до фирмата „Перминдекс“. На нејзината интернет страница пишува дека тоа е правно лице кое е холдинг компанија за „Вардар“- „Црвени Брегови “ и „Мандра Галичник“ – винарија „Стоби“.

Сите овие компании, јавно е познато дека се во сопственост на Минчо Јорданов. А и според Централниот регистар, во нивните управните одбори седат едни те исти луѓе, меѓу кои и самиот Минчо Јорданов. Истите тие фирми, со исклучок на „Мандра Галичник“, исто така земале значителни суми субвениции.

Ако се соберат сумите на сите овие фирми, излегува дека компаниите во кои е сопственик Минчо Јорданов добиле вкупно 2, 35 милиони евра на име субвенции. Со тоа тој, сепак, останува на третото место како најголем добитник на субвенции во Македонија, веднаш зад српските газди на „Повардарие“. Но, сосема е извесно дека и во 2015 ќе добие средства од Агенцијата за поддршка на земјоделството и ќе стане втор, по бизнисменот Орце Камчев.

Но, смената на позициите, тешко дека ќе донесе промена во фактот дека и холдинг фирмата за земјоделските бизниси на Минчо Јорданов има „странски газди“. Поточно, холдинг- компанијата „Перминдекс“ е во сопственост на фирмата Репро Оне лимитед . Таа компанија пак, директно или индиректно, се јавува како сопственик и косопственик и на други фирми за кои јавно е познато дека или се на Минчо Јорданов или пак, тој има значителен удел во нив. На пример, ракометниот клуб „Металург“, весниците „Нова Македонија“ и „Капитал“.

Седиштето на Репро Оне Лимитед, е на далечните Британски Девствени Острови. Северно од Венецуела, источно од Доминиканската Република и Куба. Така и кај третиот на листата не е исклучена можноста дека парите за развој на аграрот можеби завршуваат на сметки далеку од Македонија, во случајот далеку во Атлантскиот Океан.


 

Ако на ова го додадеме тоа што во весникот Нова Македонија и ден денеска пишуваат најголемите анти ЕУ и анти НАТО фанатици, тоа што зема 250 милиона евра тендери за Скопје 2014-та и што ја подари партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, можеме да кажеме дека Минчо Јорданов е еден од најрасипаните македонски бизнисмени!!!