МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ЧЕШКА СО ДВА ГОЛА РАЗЛИКА И ОДИ ПО ОСМИ ПАТ НАРЕДНАТА ГОДИНА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА И ШВЕДСКА

0
966

Во натпревар со драматична завршница Македонија со 27-25 ја победи Чешка и избори пласман на Светското првенство, осмо за нашата репрезентација, Филип Миркуловски за последен пат го носеше македонскиот дрес.

 

Пред полно гледалиште во салата „Борис Трајковски“, македонските ракометари ја остварија целта, ја победија Чешка и се пласираа на Мундијалот.
Првиот меч одигран во Злин заврши 24-24, потребна ни беше победа во Скопје, дојдовме до неа, но не беше лесно.
Чешка водеше само на почетокот, Македонија брзо го сврте резултатот, во првиот дел неколкупати водевме со три голови разлика, на полувремето имавме предност од 14-12.
Во вториот дел постојано водевме, но Чесите беа тука. Имавме највиски четири голови разлика во еден момент, но тоа се стопи до крајот. Во последните минути Чешка намали на -1 и го донесе натпреварот во драматичен финиш. Во последниот наш напад беше направен пенал врз Јагуриновски кој го реализираше Кузмановски по што радоста можеше да почне, Македонија победи со 27-25.
Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Кузмановски со осум гола, Талески постигна шест, клучен беше и Митревски со 14 одбрани. Во составот на Чешка, Клима и Хртска постигнаа по пет голови.
Ова беше посебен натпревар за Филип Миркуловски кој за последен пат го носеше дресот на македонската репрезентација.