Наумов: По двојното прекршување на постапката, Ставрески закажа ново задолжување за следниот вторник

0
887

По двојното прекршување на постапката за закажување на аукции на државни хартии од вредност, согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност и мистериозното откажување на вчерашната аукција, денес е закажана нова аукција.

Во хаосот и желбата за нови задолжувања, денес се објавија проспекти за аукција на државни хартии од вредност за 09.02.2016 година.

И неодговарањето на моето писмено барање е кршење на законот.

За пропустите во процедурите при задолжувањата некој мора да понесе одговорност“, стои во денешната реакција на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов.