МИЦКОСКИ : ОД МОЕ ЛИЧНО ИМЕ И ОД ИМЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ, НА СИТЕ ВЕРНИЦИ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕСТ ИМ ГО ЧЕСТИТАМ ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК – ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО ВЕЛИГДЕН

0
545
Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, на сите верници од католичка вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Ви посакувам овој најголем христијански празник да го поминете во добро здравје, радост, мир, љубов и спокој.

Воскресението нè учи сите нас дека со верба и надеж во Бога, во заедништво, почит и толеранција едни кон други ќе успееме да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани и да се издигнеме над сите предизвици со кои се соочуваме.

Воедно, во оваа прилика на овој најсветол празник сакам да ги повикам сите граѓани без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност, да се обединиме околу заедничката иднина која треба заедно да ја оствариме, за да не дозволиме политиките кои нè двојат, кои нè прават посиромашни и ја втурнуваат државата во безизлезна ситуација, да продолжат.

Да се обединиме околу напредокот и иднината за која мораме да се избориме заедно.
Да си споменеме за луѓето кои губат надеж, кои живеат во сиромаштија и сонуваат за подобар живот. Оваа заедничка битка е за обесправените, за луѓето кои бараат промени и иднина.

Нам ни е потребно обединување и мораме сите заедно да работиме да ја промениме реалноста и да ги оствариме соништата. Само така ќе успееме да го вратиме изгубеното достоинство на секој човек.

Имајте убави празнични денови, многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и духовен мир во вашите домови, вам и на вашите ближни.
Нека е за многу години Велигден.

Христос воскресна!
Навистина воскресна!
Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.